Мијалници GEBERIT VariForm
02 Јул

Во основа на дизајнерскиот концепт Geberit VariForm се наоѓаат четири основни геометриски облици-круг, правоаголник, овал и елипса, со чија комбинација доаѓа до создавање на нови и разноврсни решенија. Овој концепт отвара низа можности за прилагодување на дизајн на бањите на индивидуалните желби на корисниците.

Во оваа серија на производи особено се истакнуваат мијалниците кои нудат огромна дизајнерска слобода и многу можности за комбинирање.

Надградни мијалници со благо заоблен елипсаст облик во комбинаци со ѕидни батерии се совршена комбинација.

Надградните мијалници со прочистен дизајн и правоаголен облик, совршено се вклопуваат со стоечки батерии на подлогата на мијалникот.

Најнови трендови во дизајнот – Флексибилност и Ергономија

Елегантните ивици на мијалниците VariForm совршено се вклопуваат во најсовремено дизајнирани бањи. Вградни и надградни мијалници се достапни со или без отвори за батерија.

Вградни батерии можат да се монтираат на самите мијалници или на плотна на која е поставен мијалникот. Како ѕидно решение може да се монтира на предѕидна инсталација. Сите модели на Gebrit VariForm мијалници имаа голема длабочина, така што допринесуваат во слободата на движење во ергономски услови.

Мијалниците се изработени од санитарна керамика со висок квалитет, отпорни на гребење и пукање, и лесни се за одржување.

Во основа на дизајнерскиот концепт  Gebrit VariFormсе наоѓаат четири основни геометриски облици, со чија комбинација се создаваат нови и разноврсни решенија. Подградни, надградни и вградни мијалници од сите серии погодни се за јавни тоалети, хотелии приватни   бањи. Модуларниот ситем пружа голема дизајнерска слобода и многу можни комбинации.