Како да го скратите времето за чистење на вашата бања
04 Ное

Една од најважните простории во нашиот дом е бањата, затоа е исто толку важно да се обрне внимание на неколку детали, кои ја прават бањата да биде спој од елегантно, чисто и практично…
Уште во изградба на станот или куќата во кои што ќе живеете, се предодредува тоа дали бањата ќе биде лесна за чистење и одржување.

1. Санитарија од прва класа со специјален премаз!

Доколку сопствениците на зградите, од кои имате купено стан,  изберат санитарија од прва класа, со карактеристичен Keratech премаз, можете да бидете сигурни дека сте го направиле правилниот избор, затоа што премазот овозможува лесно одржување и уште полесно чистење на санитаријата. Од самиот почеток Вие заштедувате време и пари, како за чистење, така и за долгогодишно користење на веќе поставената санитарија.

2. RIMLESS!

Уште еден важен момент при избор на санитарија, а по конкретно при изборот на WC школката, е тоа самата школка да биде современа, но и практична истовремено. Затоа како најдобро можно решение се јавуваат школките кои се дизајнирани да бидат без раб, за да може санитарната керамика поедноставно да се исчисти. Едноставноста е предуслов за лесно одржување, но и за елеганција во нашите бањи.

3. Едноставно и елегантно планирање на бањата!

Колку што е важна санитаријата, исто толку е важен и начинот на распоредување на истата. Па така, доколку самата просторија дозволува, аглите треба да бидат сведени на минимум. Ова само по себе означува брзо, едноставно и ефикасно чистење. Што се однесува до растојанието меѓу подот и WC школката, се препорачува тоа да биде 15 цм, како идеално растојание за лесно одржување. Исто така, што поголеми плочки – толку полесно се чистат. Затоа и колку помалку и едноставни агли, толку помалку места за нечистотија и микроби.