DBD Komerc Kumanovo
DBD Komerc Kumanovo

Историјата на една од најреномираните компании за санитарија и плочки – ДБД Комерц, започнува  точно пред  30 години, во веќе далечната 1991 година. Со мали чекори кон големи освојувања, дејноста започнува со малопродажба во центарот на градот Куманово, со железарска роба, бои и лакови, а подоцна и со бела техника.

Како годините изминувале, беспрекорниот труд и врвната услуга, полека го носеле успехот кон повисоки скалила. Од малопродажен дуќан, успехот се рефлектира во градење на сопствен магацински простор, но и до отворање на големопродажен салон со голема палета на артикли, а со истовремена софистицираност и квалитет. Резултатот се согледува и во верни и постојани купувачи од целата земја. Широкиот спектар на производи и услуги е составен од  увоз на високо квалитетни керамички и гранитни плочки , санитарија, туш кабини, мебели за бањи, предѕидни и вградни казанчиња и опреми за уредување на купатила, како и комплетна понуда на фасадни системи, лепила за плочки, гипс картон, бои и лакови за внатрешно уредување, лакови за паркет и молеро ѕидарски алат од водечки европски компании..

А во својата 30та година од нашето постоење, полека започнуваме со навлегување во градежниот свет. Целта е да се надоградиме себеси, а на нашите  сограѓани да им се одолжиме за сета нивна доверба и да им обезбедиме идеален дом, од своите темели.

Сето ова го остваруваме преку нашиот проект на станбен комплекс – ArcHome.

Континуираноста на нашето работење и нашата мотивираност,  се раководени од потребите на нашите клиенти, а нивните потреби најчесто се моделирани од најнови модни трендови и новитети. Тимската работа во ДБД Комерц проследена со внатрешна кохезија и флексибилност е суштинска компонента за нашето триесет годишно опстојување и остварувањето на нашите долгорочни мотиви, а тоа е да бидеме една од лидерските фирми во овои сегменти на работење.  Но сепак, нашата водилка е ваша препорака. Нашата мисија е Вашето задоволство.

Со почит.

Back to Top